09:02 - 9 ноември, 2026

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Instagram

Српската фолк-ѕвезда Ана Бекута беше во Скопје со посебен повод.

Дека македонските свадби се синоним за најдобра забава е веќе добро познато, но кога на една таква прослава како изненадување ќе се појави легендарната Ана Бекута, тогаш загарантиран е вистински спектакл.

Фото/Инстаграм

​Викендов, водителката Марјана Станојковска сподели видео на кои српската фолк дива доминира на подиумот во еден познат скопски ресторан.

Видно расположена и во елегантно издание, Бекута уште еднаш покажа зошто со децении е на самиот врв на регионалната музичка сцена.

​Штом ги запеа своите безвременски хитови, гостите не претстанаа да играат. Придружувана од мајстори на хармоника и труба, Ана создаде амбиент кој ретко се доживува.

​Пејачката која го испеа хитот „Стариот џумбушлија“ на фолк фестивалот „Валандово“ во неколку наврати има изјавено дека ужива при секоја посета на Македонија, а според видеата, така било и овојпат.

Бекута, позната по нејзината бескрекорна елеганција облече долг црн фустан со впечатлив накит.

Слични објави

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova
Се вчитува....