12:01 - 22 ноември, 2026

(ФОТО) 17 ГОДИШНАТА ЌЕРКА Е КОПИЈА НА ЏУЛИЈА РОБЕРТС: Многу ретка фотографија од близнаците на глумицата!

Дени Модер, сопругот на ѕвездата, објави фотографија од нивните деца – близнаци Хејзел и Финеус, на Инстаграм на нивниот 17-ти роденден.

Џулија Робертс не сака да споделува фотографии од нејзиното семејство, а особено оние на кои се присутни нејзините три деца, близнаците Хејзел и Финеус, родени во 2004 година и Хари, кој пристигна во јуни 2007 година. Но, одвреме-навреме, сопругот на глумицата, Даниел Модер – камерманот со кој ѕвездата се ожени во 2002 година, не го почитува ова правило кое му е наметнато на семејството од 54-годишната актерка.

Така, по повод 17-тиот роденден на близнаците, тато Дени го прекрши правилото – и тоа не е прв пат – објавувајќи фотографија од близнаците, додека се покрај масата и нешто грицкаат. А, она што е впечатливо, покрај убавото лице на двете деца, е сличноста на Хејзел со мајката Џулија Робертс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by modermoder (@modermoder)

Идентичен нос, иста широка насмевка, само косата е поинаква: црвените кадрици кои придонесоа за славата на актерката ѝ отстапиле место на совршено мазна,та коса, во речиси платинеста нијанса. А коса пак, слична на мајка си, има момченцето, Финеус.

 

Слични објави

Хасан Дудиќ за клиничката смрт, односот со Злата Петровиќ и семејството: „Никогаш не сум бил на ничија сметка, сè сум стекнал со труд“

Е.А.

Ела Дворник откри што ѝ се случувало по разводот: „Одлучија да се повлечат“

Еспресо

Што треба да јадете за појадок по 40-тата година? Овие намирници помагаат да ги зачувате мускулите и енергијата

К.С.

Дара Бубамара за непријатноста на германската царина и односот кон соработниците: „Кога имам јас, имаат сите“

Е.А.

(Фото) Погача, жито, свеќа… Уна Чолиќ покажа како го слават Архангел Михаил во нивниот дом

Еспресо

(Видео) Џејла Рамовиќ никогаш попровокативна: Мини фустанот и белите чорапи до бутовите ја истакнаа нејзината фигура

Еспресо
Се вчитува....