9.8 C
Скопје
09:11 - 7 октомври, 2026

АКЦИЈА ПОЗДРАВЕНА ОД ГРАЃАНИТЕ: „Плати сметки – помогни на социјално загрозено семејство“ 

Различни се приказните на семејствата на кои им треба помош да си ги подмират заостанатите сметки за струја преку акцијата „Плати сметки – помогни на социјално загрозено семејство“ на платформата „Way2Help“. Дел од нив имаат само по една неплатена, дел и по неколку сметки, сумите се од илјада до шест илјади денари по сметка.

Ана Секуловска, една од основачите на „Way2help“ вели дека им помагаат на луѓе од ранливи категории, кои поради одредени причини не можат да ги покријат нивните сметки за струја.

– Во март 2022 година ќе одбележиме 2 години постоење. Идејата започна на StartUp Weekend 2020 година. Со тимот кој тогаш броеше 5 членови, сакавме да направиме платформа преку која на еден доверлив и транспарентен начин ќе ги поврземе донаторите со организациите кои им помагаат на социјално загрозените семејства. Така започна се и понатаму продолживме со функционалноста на „Плати сметки – помогни на социјално загрозено семејство“ – ни раскажува Ана.

Соработуваат со организацијата „Вистински дела на љубезност“, но се отворени и за други организации, кои можат да направат проверка на ранливи семејства, за да може да им се помогне на повеќе луѓе.

– Иако поголем дел од нашите членови работеле во граѓански организации, во невладиниот сектор, сепак немавме директна врска со социјално загрозените семејства. Но затоа постојат организации кои долго време работат на таа проблематика. Тука започна нашето партнерство со „Вистински дела на љубезност“. Ние преку нив добиваме информации за луѓето кому им е потребна финансиска помош, истакнуваме краток опис за состојбата во која се наоѓаат и ретко истакнуваме иницијали, целосни податоци во никој случај. Од организацијата ни ги доставуваат информациите, а нашиот тим ги обработува и објавува на платформата – објаснува Ана.

Интересот е голем, можеби затоа што процесот да им се плати сметка на тие на кои им треба помош е едноставен, како што би си платиле електронска сметка за себе, но ваквиот чин за некого има многу поголемо значење.

– Тие пари не стигнуваат на сметка на „Way2Help“. Плаќањето само по себе се одвива преку платформата на ЕВН. Тотално е анонимно, бројката на платени сметки се зголемува. Задоволни сме бидејќи ни пристапиле многу донатори, индивидуалци и компании кои изразиле желба да платат сметка некому. Ние сме хуман народ, но ни треба доберба и транспарентен начин на давање на таа помош – вели Ана.

Една добронамерна постапка може за некој да значи многу, малку помош и подадена рака во едно тешко време е искра надеж за некој во време кога се изгледа безизлезно.

Секуловска од „Way2help“, вели дека нивните донации се еднократни, но со големо значење, затоа секоја иницијатива за системски промени со кои подолгорочно ќе им се помогне на семејствата од ранливи категории е добредојдена.

фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

Слични објави

Пекмез од сливи без шеќер — едноставен рецепт од само една состојка

К.С.

Хороскоп за 7 октомври: Девици, луѓето околу вас ќе уживаат во вашето присуство

Еспресо

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо
Се вчитува....