15.8 C
Скопје
03:54 - 8 септември, 2026

ФДУ го одбележува творештвото на Горан Стефановски

Факултетот за драмски уметности – Скопје го слави творештвото на Горан Стефановски, со мултимедијална програма под наслов „Тетовирани импресии“. Настаните од програмата ќе се одржат од 27 март до 27 април, во организација на факултетот, и со учество на соработници, колеги и новите „наследници“ на Горан – студентите кои ги продолжуваат неговите приказни. Ќе потсетат на творештвото кое претставува бескрајна инспирација за минатите, сегашните и идните генерации на
факултетот.

Инспирација која нé поттикнува кон подобро и повеќе уште од нашата „Бушава азбука“. И од „Јане Задрогаз“, преку „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Чернодрински се враќа дома“…, се до „Огнени јазици“. Од нивното запознавање, разбирање, препрочитување и поставување, до одново станување и борење за она што е вистински наше.

„Тетовирани импресии“ ќе започнат со одбележување на Денот на театарот, на 27 март. Во рамки на програмата ќе гледате испитни претстави и етиди по текстови на Горан, проекции на филмови по негови сценарија, и презентација на документарен филм во реализација, посветен на неговото дело. Ќе слушнете како изгледала соработката со Горан преку дискусии со неговите долгогодишни соработници, а и музичка програма во соработка со студенти од Факултетот за музичка уметност. Програмата ќе се заокружи на 27 април, неговиот роденден.

Влезот за сите настани е слободен. Деталите за секој настан ќе бидат дополнително објавени на веб-страницата и социјалните мрежи на Факултетот за драмски уметности.

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....