16:08 - 7 ноември, 2026

„Евровизија е за една недела, а јас сум без глас“: Членка на хрватската група „Лелек“ се бори со инфекција

Само една недела пред настапот на Евровизија, хрватската група „Лелек“ се соочи со непријатни вести. Јудита Шторга, една од членките, има здравствени проблеми откако добила стрептококна инфекција, поради која привремено останала без глас.

Јудита пред два дена се огласи на Тикток, каде објави видео во кое ги изговара стиховите од песната „Andromeda“, додека во рацете држи кутии со лекови.

„Евровизија е за една недела, а јас сум без глас“, напиша таа во видеото.

Таа откри и дека прима антибиотици поради стрептококата, но нагласи дека веќе се чувствува значително подобро.

„Треба да биде подобро“

Поради нејзината состојба, многумина се запрашаа дали здравствениот проблем ќе го загрози настапот на хрватските претставнички на Евровизија и колку ваква бактериска инфекција може да влијае на изведбата.

Одговор даде оториноларингологот проф. д-р Дaвор Вагиќ, кој објасни дека антибиотиците обично почнуваат да делуваат во рок од 48 часа, но дека опоравувањето зависи и од имунитетот, пишува Нет.хр.

„Со терапија и мирување, за два до три дена од почетокот на антибиотиците состојбата би требало да се подобри“, истакна лекарот.

„100% подготвена нема да биде“

На прашањето дали тоа значи дека Јудита ќе биде целосно подготвена за настап, лекарот бил јасен дека тоа не е реално.

„Сто проценти фит – нема да биде. Но постои можност сепак да настапи. Се работи за бактериска инфекција и тешко е да се предвиди реакцијата на организмот. Ако добро реагира на терапијата во првите два дена, шансите се поголеми. Но не може да се очекува да пее како ништо да не се случило“, изјави тој.
Тој додаде дека станува збор за чувствителна ситуација, но дека во наредните денови ќе се види како ќе делува терапијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....