10.8 C
Скопје
07:40 - 25 април, 2024

Европските земји „се откажаа“ од Нова Година

Во пресрет на Божиќните и Новогодишните празници, дел од Европските земји почнаа да размислуваат за комплетно затворање на градовите.

Во Германија се води јавна расправа дали мерките треба да се релаксираат за претстојните празници или не.

Во Шпанија е на сила забрана за патување помеѓу различни региони

Во Шпанија сè уште се применуваат строги мерки за забрана за патување помеѓу различни региони на земјата, како и за собирање на повеќе од шест лица во становите.

Сепак, по повод празниците, некои работи ќе олабават малку: на 24, 25 и 31 декември, на десет лица (вклучително и деца) им е дозволено да се соберат, а ќе може да се посетат, но само кај најблиските роднини.

Во Франција има забрана за излегување од 21 до 6 часот наутро

Кога станува збор за Франција, дозволено е да се слават празниците со најмногу шест возрасни лица, додека бројот на деца не е ограничен. Премиерот Жан Кастекс објави дека полицијата нема да ги контролира празничните забави на граѓаните и можно е да се патува во рамките на земјата. Како и да е, Франција веќе со недели е во строга блокада, па беше најавено дека некои мерки може да бидат укинати на 15 декември. Но, после тоа, забраната за излез стапува на сила од 21 до 6 часот наутро, што нема да важи на 24 и 31 декември.

Во Австрија е дозволено да се соберат поблиските семејства за Божиќните празници, но не повеќе од десет лица. Патувањето во земјата е дозволено, но затоа Австрија воведува ограничувачки мерки на границите, бидејќи се плаши од увоз на вирусот.

Полска во „фаза на одговорност“

Полската влада воведе релативно строги правила за заклучување: училиштата се затворени, хотелите и баровите исто така. Рестораните можат да доставуваат храна. Во продавниците одредено време е резервирано за постарата ризична група.

Владата ја нарекува оваа фаза од борбата против пандемијата „фаза на одговорност“. Треба да се примени до 27-ми декември. Овие мерки се олеснети на Божиќ: на пет лица им е дозволено да присуствуваат на приватни прослави – не сметајќи ги домашните – но гостите треба да доаѓаат од истото домаќинство. Особено болно за католичката земја е што има и строги ограничувања за учесниците во црковните настани.

Во Холандија се дозволени само три гости по домаќинство  

„Работите не одат како што треба“, гласи тековната проценка на холандскиот премиер Марк Руте за состојбата во Холандија. Неговата влада затоа ги продолжи мерките против короната за време на празниците.

Баровите и рестораните се уште се затворени. Дури и за време на Божиќ, на граѓаните им е дозволено да примаат најмногу три гости дневно дома, и по можност да доаѓаат од околината. Повеќето цркви се затворени.

Во Велика Британија, сепак, ќе има олеснување на мерките за Божиќ. На граѓаните им е дозволено да се организираат во т.н. меур, што значи дека од 23 до 27 декември, три домаќинства ќе можат заедно да го слават Божиќ, да се посетуваат и да спијат едни кај други. Во Северна Ирска, истото ќе трае до 29 декември, додека Шкотска е построга – овозможува собирање до осум лица.

Строги мерки во Италија

Владата на премиерот Џузепе Конте драстично ја ограничи слободата на движење за време на празниците во Италија. Од 21 декември до 6 јануари, Италијанците веќе не смеат да го напуштаат родниот крај. Тогаш, на пример, патувањето меѓу Ломбардија и Тоскана ќе биде забрането. И секој што сака да се врати во Италија од странство во тоа време, мора да биде во карантин две недели.

На Божиќните и новогодишните празници важат уште построги правила: сите граѓани мора да останат во нивната општина. Посета на роднини е забрането – секое домаќинство треба да слави за себе.

Постојат исклучоци, на пример, кај баби и дедовци на кои им е потребна поддршка. Исто така, постои забрана за излегување по 22 часот, па Божиќните миси мора да се одржат пред тоа.

Сепак, рестораните, кафулињата и слаткарниците остануваат отворени до 18 часот во областите со најниско ниво на ризик – дозволени се до четири лица по трпеза. Секој што ќе ги прекрши правилата може да очекува казни од 400 до 1.000 евра.

Во Шведска се отворија продавниците

Во Шведска, продавниците, рестораните и ски-центрите остануваат отворени, земјата не ги заострува правилата за Божиќ.

Премиерот Стефан Лофвен пред некој ден го упати својот вообичаен апел до совеста на граѓаните: „Ве молам, не празнувајте со повеќе од осум луѓе дома и избегнувајте патувања, вечера и шопинг“.

Грција ќе олабави некои мерки, но воведува национален полициски час

Грција ќе го намали времето за карантин и повторно ќе ги отвори црквите за време на Божиќните празници, објави владата во Атина.

На патниците кои влегуваат во земјата од 18 декември до 7 јануари, нивниот задолжителен период на карантин ќе се намали на три дена и ќе мора да одат на брз тест на аеродромот за да потврдат дека не се заразени.

Црквите ќе бидат отворени на Божиќ и Богојавление, кои се слави на 6 јануари. Девет лица во црквите и 25 во катедралите ќе бидат дозволени на овие два празника, рече Стелиос Петсас, владин портпарол.

Грција планира да воведе национален полициски час од 13 декември до 7 јануари, каде што граѓаните ќе мора да останат во своите домови од 22 до 5 часот наутро, а доколку сакаат да го напуштат домот ќе треба да побараат дозвола од властите.

Слични објави

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо
Се вчитува....