15:41 - 8 ноември, 2026

Еве со што се занимава прочуениот Симица на Сузана Манчиќ: Парите ич не му се проблем, ги има „до кров“

Водителката Сузана Манчиќ и бизнисменот Симеон Окомокос се заедно речиси 25 години.
Тие се венчаа во јули 2018 година во бајковито место во Грција, од каде што е и тој, а животот на популарната српска водителка одлично се балансира меѓу Белград и Атина.

Далечината, очигледно, никогаш не била проблем за нив.

Сузана деновиве е во главниот град на Грција, каде што времето е многу поубаво отколку што е моментално во северните делови на Балканот.

Симеон се заљубил во Сузана неколку години по пропаѓањето на неговиот прв брак, од кој има две ќерки. Тој е почитуван бизнисмен и многу вешто го одржува балансот помеѓу приватниот и професионалниот сегмент од животот.

И после толку години тајновитост околу бизнисот на Симеон, и воопшто со што тој се занимава, српските медиуми октрија повеќе детали за богатиот и „прочуен“ Симица.

Студирал право и економија на Универзитетот во Атина. Неговата деловна биографија е богата.

Бил комерцијален експерт во Американската амбасада во Атина, извршен директор на Американско-грчката стопанска комора, како и генерален секретар за деловни совети меѓу Грција и неколку други земји. Во 1997 година ја основал SGT, компанија за корпоративни комуникации, во Атина, а три години подоцна била отворена филијала и во Белград – Tsomokos Group International, пренесуваат српските медиуми и истакнуваат дека прочуениот Симица е исклучително богат.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....