15:52 - 8 ноември, 2026

(Фото) Нечовек среде Карпош го убил омиленото маалско куче: „Извини Тоби што живееше во овој суров свет“

Тина Мицковска, активистка за заштита на животни, објави на социјалните мрежи вознемирувачка и многу тажна информација.

Маалското куче Тоби, омиленото милениче кое живееше во маалото кај „Млечен“ ресторан, мирно и питомо, сакано и одгледувано од сите жители, е убиено со огнено оружје и тоа среде градската населба Карпош.

 

-Маалскиот миленик Тоби од Млечен, мирно куче кое сите таму го чуваа и хранеа, денеска за жал го пронајдоа УБИЕН И ПУКАН со ПУШКА спроти Сидро. Некој монструм се дрзнал насред Карпош да пука со пушка во најмирно куче НАСРЕД БЕЛ ДЕН, помеѓу 8:30 и 09:00 утрово. До кога ќе се дозволува вакви психопати да шетаат слободно? Пред некое време во близина беше пукано и во нашиот маалски миленик Џамбо и ништо чудно да се работи за истата будала што може утре да пука и во човек. Доколку некој има некакви информации, ве молам споделете да помогнеме на МВР побрзо да се пронајде, напиша Мицковска на Фејсбук и додаде. 

 

„Извини Тоби што живееше во суров свет, трчкај слободно сега горе“.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....