23.8 C
Скопје
14:48 - 5 мај, 2024

Елтон Џон отворено за Бритни Спирс: „Таа беше уништена зашто беше изневерена во минатото“

Музичкото враќање на Бритни Спирс му беше доверено на Сер Елтон Џон: новиот сингл „Hold Me Closer“ беше неодамна објавен и предизвика поделени коментари, сепак, главно позитивни.  

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)


Беа потребни 13 години за Бритни повторно да се чувствува слободна и спремна да се врати на сцената, но беше неопходна и помошта на Сер Елтон Џон да ја врати покрај микрофонот кралицата од 2000-тите. Пејачката, шест години по објавувањето на последниот албум „Glory“ и неколку месеци по бракот со Сем Асгари, повторно е во игра, со специјален гостин како Сер Елтон Џон, со песната „Hold Me Closer“. Врска родена од потребата да се излезе од темннината на минатото, како што тоа беше алкохолот пред 32 години за британскиот уметник и 13-годишното старателство за американската поп ѕвезда. Патека во која менторот ја придружуваше пејачката во најтешките фази, кога сомнежите околу објавувањето на синглот стануваа се поголеми. На крајот се случи експлозијата, Бритни Спирс се врати и како никогаш да не заминала.

„Hold Me Closer“ се роди од потребата, како што откри Елтон Џон во интервју за Гардијан, да сака да им подари летна песна на своите фанови. Многумина рекоа дека не веруваат дека може повторно да пее. „Јас одговорив дека е неверојатна и помислев дека може повторно да го стори тоа“, зборува Елтон. Снимањето на „Hold Me Closer“ требаше да се случи во Лондон, во студиото на Џон, но Спирс, сè уште на меден месец, се согласила да лета за Лос Анџелес, во студиото на продуцентот Ендрју Ват.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

Како што откри самиот Ват, сите биле воодушевени од идејата да се сними оваа песна. Совршен момент беше првата нивна средба во студиото, каде првото прашање меѓу двајцата уметници беше за музичките преференци: „Бритни откри како Елтон Џон бил една од нејзините инспирации во најтешките години од нејзината кариера“. Потоа враќањето на микрофонот, изненадувањето за гласот кој никогаш не згасна и желбата да ја натера публиката да танцува. Тешкотиите дојдоа подоцна, кога Спирс требаше да се увери дека објавувањето на песната е вистинската работа, по твитот на 25 август: „Таа беше отсутна толку долго. Имаше многу страв бидејќи беше изневерена многу пати и таа официјално не беше во очите на јавноста толку долго. Ја држевме за рака во текот на целиот процес, уверувајќи ја дека се ќе биде во ред“, раскажува Елтон Џон.

Покрај пеачките вештини и неверојатните кариери што ги имаат Сер Елтон Џон и Бритни Спирс, за да се обединат двајцата уметници, секако имаа уште една нишка. Елтон Џон ги победи проблемите со алкохолот и успеа да ја преземе кариерата и животот во свои раце, а Бритни тоа се обидува да го направи по 13-годишната правна заштита односно старателството од татко ѝ.

Џон признава колку музичката индустрија влијае на животите на уметниците, како што се случи тоа со него во минатото и ги посочи сличностите меѓу него и Бритни Спирс:

„Тешко е кога си млад. Бритни беше уништена во одреден момент во нејзината кариера. Јас пак, вев скршен кога се отрезнив. Бев на страшно место. Поминав низ тоа убиствено чувство и тоа е ужасно. И за среќа, трезен сум 32 години и тоа се најсреќните години што сум ги имал некогаш во животот. Сега имам искуство да можам да им давам совети на луѓето и да им помагам затоа што не сакам да гледам уметници на мрачно место“, искрен е британскиот музичар.

Слични објави

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо

„Црна низа“ денови: Судбината ќе ја тестира силата на два хороскопски знаци

еспресо

Кејт Мидлтон е подготвена да ѝ прости на Меган Маркл: „Нивните деца се во никакви односи“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо
Се вчитува....