18:37 - 7 ноември, 2026

Елена Велевска: Треба да се преиспиташ пред да влезеш во брак за да нема фатални последици

Искрено за бракот и за предизвиците што ги носи, прозборе фолк-пејачката Елена Велевска.

Таа гостуваше во емисијата „Старс ТВ шоу“, каде во искрен разговор го сподели своето мислење за бракот и одлуките што секоја жена треба да ги донесе пред да заплови во брачните води.
​Според Елена, бракот не е само формалност, туку сериозна одговорност која бара длабоко преиспитување.

​„Многу е битно дали можеш ти да се носиш со тоа што го нуди и што го прави половината со којашто влегуваш во брак. Пред да стапи во брак, секоја жена треба да се преиспита дали останатата половина може да го поднесе и да живее со тој човек до крајот на животот, за последиците да не се фатални“, изјави Велевска во емисијата.
​

Пејачката која е разведена и е мајка на три деца стави посебен акцент на родителството и меѓусебната поддршка. Таа смета дека е клучно да се процени дали партнерот е подготвен за обврските што ги носи семејството.

​​„Пред да стапи во брак, секоја жена треба да се преиспита дали останатата половина може да го поднесе и да живее со тој човек до крајот на животот, за последиците да не се фатални. Многу е битно дали можеш ти да се носиш со тоа што го нуди и што го прави половината со којашто влегуваш во брак. Треба да се преиспиташ дали сакаш деца со тој човек, дали е тој способен да се грижи за тие деца и да го носи целиот тој товар. Дали знае да сподели, бидејќи бракот не е само за еден, туку да гледаш за сите да е убаво. И пред сè, многу е важно разбирањето на професиите на двајцата партнери“, рече Велевска.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....