11.8 C
Скопје
10:25 - 18 октомври, 2026

Владо Калембер имаше многу жени, а една му е уште во срцето, и покрај разводот

Една од најголемите ѕвезди на југословенската музичка сцена, Владо Калембер, важеше за еден од најголемите шармери, по кого жените буквално лудуваа.

Роден и израснат во Загреб, првично сакал да биде сликар, но поради љубовта и девојките се насочил кон музиката. Со групата „Сребрна крила„ во 1980-тите достигна огромна слава со хитовите „Ана“, „Јас не сум коцкар“ и „Вино на усните“, а на врвот од кариерата добивал илјадници љубовни писма, додека обожавателките се онесвестувале на неговите настапи.

Во 1984 година ја претставуваше Југославија на Евровизија со Изолда Баруџија. Иако беше опкружен со жени, Калембер често тврдеше дека многу од приказните за неговите љубовни освојувања се претерани и дека понекогаш се чувствувал осамен.

Со години важеше за „вечен ерген“, но медиумите редовно го поврзуваа со разни жени. Една од најпознатите врски беше со кореографката Лепосава Стефановиќ – Локица, која ја водеше познатата танцова група и соработуваше со Здравко Чолиќ. Нивната врска траела околу една година и, како што призна Калембер, била и „на далечина и блиска“, бидејќи често патувал поради неа. Иако Локица често се поврзуваше со Чолиќ, Калембер тврдеше дека тие немале љубовна врска.

Покрај Локица, Калембер беше мета на бројни шпекулации и се поврзуваше со многу жени од јавниот живот, но ретко јавно ги откриваше деталите. Сам велеше дека „ако имал 22 врски, во јавноста изгледало како да се 222“, нагласувајќи дека неговиот имиџ на заводник бил делумно пренагласен.

Пресврт во неговиот приватен живот се случи во 2006 година, кога се ожени со виолончелистката Ана Руцнер, која беше 30 години помлада од него. Истата година го добија синот, кој подоцна тргна по уметнички пат и често настапува со мајка си. Нивниот брак траеше до 2014 година, кога се разведоа, но останаа во исклучително добри и пријателски односи, пишува Стил.курир.рс.

Владо Калембер и Ана Руцнер Фото/Инстаграм

И по разводот, Калембер и Ана Руцнер продолжија да соработуваат и да се поддржуваат, нагласувајќи дека љубовта и почитта меѓу нив не исчезнале. Тој често истакнува дека најголемата љубов во неговиот живот е неговиот син, чие раѓање го опишува како најсилен и најсреќен момент.

И покрај имиџот на голем заводник и бројните жени со кои бил поврзуван, Калембер денес остава впечаток на човек кој, зад сценскиот шарм, најмногу ја цени семејната блискост и искрените односи.

Дури и денес, Владо споделува фотографии со својата поранешна сопруга на социјалните мрежи и ѝ испраќа топли зборови.

„Среќен роденден, мама; напиша Калембер по повод нејзиниот роденден.

„Нема ништо позначајно што маж може да направи за своите деца отколку да ја сака нивната мајка!“, рече еднаш музичарот.

Слични објави

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.
Се вчитува....