05:45 - 10 ноември, 2026

Елена Ристеска се прости од Панчо: „Не знаев дека олку ќе боли – како да си ми роден брат!“

Смртта на Владимир Блажев – Панчо, членот на популарното дуо „ДНК“, продолжува да буди длабока тага во јавноста.

Со емотивна објава на социјалните мрежи од него се прости и пејачката Елена Ристеска, негова долгогодишна пријателка и соработничка.

„Ах, бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина! Останаа недоречени многу работи! Не знаев дека толку ќе боли, како за роден брат. Ми беше брат кој никогаш го немав!

Со кого сега да се смеам, кога нашите шеги само ние си ги разбиравме? Со кого сега да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати? Од правење друштво во диско додека пушташ музика, до одење на литургија заедно.

Спотови, дуети, турнеи, концерти… Се прејадувавме со бајадери додека се возевме. Се лутевме еден на друг како вистински брат и сестра. Со жар ми ја пушташе секоја нова песна – последно идеи за наш дует со ‘ДНК’, кој никогаш не го снимивме…

Со кого сега да споделувам нешто што го имав само со тебе? Ах, бате мој… ‘Како да се радувам јас кога те нема?’ До следно видување, таму горе, каде нема неправди и болка“, напиша Ристеска.

Владмир Блажев – Панчо и Елена Ристеска / Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Да потсетиме, трагедијата се случи на 16 март годинава, кога во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Панчо тогаш се здоби со тешки изгореници и по седум месеци борба ја изгуби најтешката животна битка.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....