11.8 C
Скопје
20:30 - 17 октомври, 2026

Експерт проговори за емоциите на Кејт Мидлтон при нејзиното прво појавување во јавност: „Многу нервозна…“

Последен пат кралското семејство заедно присуствуваше на божиќна служба на 25 декември 2023 година. За време на речиси шест месеци јавно отсуство, кружеа различни теории за исчезнувањето на Кетрин, но викендов таа ги воодушеви обожавателите со јавното појавување на роденденот на кралот.

Кејт Мидлтон беше нервозна за време на парадата Trooping the Color 2024, за ова пишува Business Insider консултирајќи се со експерт за говор на телото кој тврди дека тоа било „лице-маска“ на принцезата.

– Гледајќи ја првата фотографија од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам кои заедно се упатуваат на церемонијата, Кејт користи насмевка како маска.“, вели Дарен Стентон.

Експертот истакна дека идната британска кралица го користи ова како начин да постигне сила и да направи се што е можно за да изгледа смирено и прибрано однадвор.

„Таа сака да ги направи луѓето горди, но исто така е нервозна, разбирливо е така“, продолжи Стентон.

Кејт Мидлтон првично се возеше во автомобилот со принцот Вилијам и нивните три деца. Потоа, сопругот на Кетрин јаваше на коњ додека неговото семејство се возеше во кочија. По некое време, високите членови на кралското семејство излегоа на балконот на Бакингемската палата.

Појавувањето на принцезата од Велс на „Trooping the Color“ дојде откако таа му соопшти на светот дека се бори со ракот, чиј тип се уште е непознат за јавноста. Кетрин последен пат присуствуваше на божиќна служба на 25 декември 2023 година. После тоа, таа беше забележана само од папараците на пазар со сопругот и во автомобил со нејзината мајка Керол Мидлтон.

 

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....