04:41 - 9 ноември, 2026

Двојничката на Кејт Мидлтон во проблем: Почесто добивам закани отколку предлози за брак

Жената која „работи“ како двојник на Кејт Мидлтон добила повеќе од десет предлози за брак поради нејзината неверојатна сличност со принцезата од Велс, пренесува Мирор. Сепак, не ѝ е животот така едноставен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Agan (@katemiddletonlookalike)

Според 42-годишната Хејди Аган, луѓето првпат почнале да ѝ кажуваат дека личи на Кејт Мидлтон во 2011 година, кога работела како келнерка во кафуле. Отпрвин таа не придавала никаква важност на ова, но откако луѓето почнале да бараат автограми или заедничка фотографија, таа решила да контактира со актерска агенција и да се понуди како двојничка на Мидлтон.

Хејди била веднаш ангажирана  и почнала да добива понуди да „работи“ на „местото“ на Кејт Мидлтон, односно да посетува забави и промотивни настани ширум светот, се разбира, на покана и за одличен хонорар. Сега девојката мора да ги следи сите промени во изгледот на војвотката од Кембриџ, за да не ја изгуби сличноста со неа. Од начин на облекување, до фризура, гестикулација и секако телесна тежина.

„Откако станав двојничка на Кејт Мидлтон, добив повеќе од десетина предлози за брак. Точно, уште почесто ми се закануваа со најразлични закани. Кога првпат тоа ми се случи, бев шокирана од количината на омраза што доаѓа од луѓето, но сега разбирам дека е така. Секој си има свое мислење“, призна Хејди Аган.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....