18:37 - 7 ноември, 2026

Душко Тошиќ има нова девојка? Виден е во ресторан со атрактивна русокоса која наликува на Карлеуша

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Поранешниот сопруг на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат поради нов избор на емотивен план.

Имено, Тошиќ изминатиот викенд бил виден во еден луксузен рибен ресторан во срцето на Врачар, каде уживал во друштво на атрактивна русокоса и нејзина пријателка. Ова е едно од неговите ретки појавувања со непозната девојка по бурниот развод од пејачката Јелена Карлеуша, со која со години беше во брак.

„Душко беше одлично расположен, цело време насмеан и опуштен. Седнаа на поголема маса, нарачуваа разни морски специјалитети, а виното постојано се точеше. Вечерта одминуваше, а тие не покажуваа намера да си заминат, напротив, останаа меѓу последните во локалот“, изјавил извор.

Според неговите зборови, како што одминувала ноќта, атмосферата станувала сè поприсна.

„Во еден момент целосно се опуштија и престанаа да обрнуваат внимание на другите гости. Разменуваа нежности, се допираа и се смееја, делуваше како да уживаат во секој момент. Хемијата меѓу нив беше повеќе од очигледна“, додал изворот.

Мистериозната русокоса не помина незабележано, а многумина го коментираа нејзиниот изглед.

„Девојката е многу атрактивна, висока и негувана, а некои веднаш забележаа дека потсетува на Карлеуша. Каде и да се поместеа, погледите беа вперени кон нив“, заклучил изворот.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....