18:25 - 7 ноември, 2026

Емотивно испраќање: Татјана Лазаревска сподели приказна за мајка си

Познатата фолк-пејачка Татјана Лазаревска, која веќе со години живее и работи во Австралија, сподели емотивни фотографии од меѓународниот аеродром во Мелбурн.

Повод за објавата е испраќањето на нејзината мајка, Снежана Лазаревска, која по престојот кај својата ќерка и семејството во далечната земја, се враќа во родната Македонија.

Лазаревска, видно расположена и во друштво на својата мајка, напиша емотивна порака со која ѝ посака среќен пат:

„Среќен пат и мирно небо, мамо Снежана Лазаревска… се гледаме во јули во Македонија“, стои во објавата на пејачката.

Татјана планира посета на татковината веќе ова лето. Иако со сопругот Новица и нивните синови успешно ја градат својата иднина „преку океанот“, тие често нагласуваат колку им значат семејните врски и моментите поминати со најблиските кои се во Македонија.

Летните периоди вообичаено се резервирани за македонската естрада која живее во дијаспората да се врати дома, како за одмор, така и за бројните музички настапи и гостувања кои ги очекуваат низ земјава.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....