12.8 C
Скопје
18:01 - 17 октомври, 2026

Мелина Џиновиќ се мажи во сабота: Се подготвува луксузна свадба во Монако

Босанскохерцеговската модна дизајнерка Мелина Џиновиќ оваа сабота ќе стапи во брак со британскиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд Деј, објавија српските медиуми.

Извор навел дека гостите пристигнуваат во Монако од целиот свет, каде што им е обезбедено сместување во еден од најлуксузните хотели.

„Планирана е и свадбена церемонија, а до локацијата каде што ќе се одржи, ќе се патува со организиран превоз, со хеликоптер или јахта. Прославата ќе биде во еден од најдобрите хотели, омилено место на богаташи и милијардери од целиот свет“, изјавил извор за српски медиум.

Кумата на Мелина ќе биде Гордана Кариќ. Во Монако веќе пристигнале нејзините родители и брат, а српските медиуми објавија дека нејзиниот син Кан нема да присуствува на свадбата.

Прославата ќе трае неколку дена. Босанскохерцеговската дизајнерка во 2024 година се разведе од Харис Џиновиќ по 23 години брак, а нивниот развод помина бурно.

Минатата година се сврши со Џефри Пол Арнолд Деј, а врската се обидуваа да ја држат подалеку од очите на јавноста. Сепак, неодамна беа фотографирани на модна ревија во Париз.

Слични објави

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ ракажа се за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova
Се вчитува....