20:41 - 7 ноември, 2026

Ана Николиќ објави нови снимки од веридбата со Рале: „Од моето ‘да’ до олтарот патот е долг“

Пејачката Ана Николиќ објави нови снимки од веридбата со својот партнер Горан Ратковиќ Рале, кои веднаш привлекоа внимание на социјалните мрежи.

Таа сподели моменти од прославата во нивниот дом на Авала, каде се гледа дека двајцата биле во одлично расположение, славејќи со прозаеко, многу насмевки и бакнежи.

Ана откри дека неодамна официјално кажала „да“, но во свој стил нагласи дека патот до олтарот не мора да биде брз:

„Бидејќи целиот свет зборуваше дека сум се омажила, а не сум, еве денес кажав ‘да’. Но од моето ‘да’ до олтарот патот е долг, а со Сралето сите патишта се подолги. Така што, ништо не се знае до самиот крај“, вели таа во видеото.

На тоа, Рале низ смеа ѝ возвратил: „Со мене патиштата се пократки.“

Во видеата може да се види како двајцата играат, се смеат и постојано разменуваат нежности, додека атмосферата е опуштена и интимна, далеку од класичните гламурозни прослави.

Веридбата, според објавеното, се одржала во нивното домашно студио, што дополнително ја нагласува нивната неконвенционална и спонтана љубовна приказна.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....