11:12 - 7 ноември, 2026

(Фото) Најзгодната актерка во светот веќе не го крие момчето – објавена првата заедничка фотографија на Инстаграм!

Популарната актерка Сидни Свини и бизнисменот Скутер Браун повеќе не ја кријат својата врска – барем кога станува збор за социјалните мрежи.

Двојката индиректно ја потврди романсата преку објава на Инстаграм, која за кратко време привлече големо внимание, пренесува „Пипл“.

Браун (44) сподели црно-бела фотографија на која позира со 28-годишната Свини, придружена со краток опис: „среќен гад“.

Нивната блискост не е новост за јавноста. Претходно овој месец, тие беа фотографирани како се држат за раце додека ја напуштаат забавата по третата сезона на серијата „Еуфорија“ (Euphoria), одржана во познатиот хотел „Шато Мармонт“. Пред тоа, папараците ги уловија и како разменуваат бакнежи во кинескиот театар ТЦЛ.

Според информации, нивната врска започнала во септември 2025 година, откако неколку месеци претходно се запознале на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција, по што веднаш почнале да кружат гласини за нивната блискост.

Во периодот што следел, тие неколкупати биле забележани заедно во Лос Анџелес, меѓу другото и по излегување од уметничка галерија, кога повторно се држеле за раце во друштво на пријатели. До крајот на годината, извори блиски до нив открија дека врската станува сè посериозна.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....