04:57 - 28 ноември, 2026

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Концертот на пејачката Драгана Мирковиќ, кој се одржа синоќа во Сплит, бил накратко прекинат поради дојава за поставена бомба, пренесуваат хрватските медиуми.

Според информациите од полицијата, на 7 март во 00:23 часот на бројот 192 се јавило лице кое пријавило дека во клуб на подрачјето на Сплит е поставена експлозивна направа. По пријавата, на местото веднаш биле испратени полициски службеници.

Објектот бил превентивно евакуиран, по што специјализиран полициски службеник извршил противексплозивен преглед. За време на проверката не било пронајдено експлозивно средство, по што клубот повторно продолжил со работа околу 1 часот по полноќ.

Од полицијата соопштија дека е во тек криминалистичка истрага за случајот.

Во меѓувреме, Драгана Мирковиќ се огласи на социјалните мрежи и порача дека вечерта сепак завршила во одлична атмосфера.

„Сплит, ви благодарам за прекрасната ноќ“, напиша пејачката покрај видеото на кое се гледа преполн клуб и публика која во глас ги пее нејзините најпознати хитови.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....