12.8 C
Скопје
09:06 - 28 септември, 2026

Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ: Шокантни причини за разделба

Познатата балканска пејачка Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ решија да се разведат по 24 години брак. Разводот уследи по три години разделен живот, а пејачката јавно ги сподели причините за оваа разделба. Но причините за разводот дури сега се откриваат и шокираат.

Пејачката неодамна поднесе и тужба против поранешниот сопруг, и наскоро двајцата ќе се најдат во судница, а главна тема ќе бидат поделбата на финансиите и на имотот.

Во последно време, Драгана студено во интервјуата одговара на прашања за Тони, додека некогаш за него зборуваше со „полна уста“.

„Мојот Тони…О Боже мил, никој не се фали со својата сопруга, како тој. Кога би ви покажала некои работи…Тој сега се дружи со Ван Дам, со неговите пријатели од Америка и од Франција…Сите тие знаат за мене и ме следат на Инстаграм! Неверојатно е дека се допишуваме и едвај чекаме да се запознаеме. Кога Тони ќе почне да зборува за мене, сите се импресионирана“, раскажуваше пред крајот на врската Драга Мирковиќ за српски „Објектив“.

Токму затоа јавноста беше шокирана кога слушна дека парот всушност се разведува и дека веќе три години не живеат заедно. Крајот на врската, Драгана го соопшти преку јавно известување.

„Како некој кој целиот свој живот го засновал на искреност, чувствувам морална обврска денес да ѝ се обратам на целата јавност. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод.

Мојот однос со Тони веќе подолго време не е каков што беше, а последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, таа празнина стана поголема и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак.

Сигурно останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години“.

 

 

Слични објави

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо
Се вчитува....