31.3 C
Скопје
12:52 - 21 јуни, 2026

Докторот обвинет за смртта на Метју Пери ја призна вината: Се соочува со казна затвор до 40 години

Доктор Салвадор Пласенсија, еден од лекарите обвинети во врска со смртта на актерот Метју Пери, се согласил да се изјасни за виновен, според спогодбата со обвинителите поднесена во понеделникот, 16 јуни.

Пласенсија се согласил да се изјасни за виновен по четири точки од обвинението за незаконско давање кетамин на ѕвездата од „Пријатели“. Тој се соочува со казна затвор до 40 години.

Пет лица беа обвинети минатата година во врска со смртта на Метју Пери. Тројца обвинети веќе се изјаснија за виновни: д-р Марк Чавес, асистентот на Пери кој живеел со него, Кенет Ивамаса и наводниот дилер на дрога Ерик Флеминг. Џасвин Санга, позната под прекарот „кралицата на кетаминот“, се изјаснила дека не е виновна.

Пери почина во октомври 2023 година од „акутни ефекти на кетамин“, соопшти обдукцијата во Лос Анџелес. Неговото тело го пронајде Ивамаса. Пласенсија е обвинет дека му обезбедил на Пери кетамин надвор од законските и професионалните граници.

Пласенсија е осомничен дека му дала на актерот кетамин и го научил Ивамаса како да му го инјектира на актерот. Наводно, Ивамаса бил тој што му ја дал на Пери фаталната доза.

Пери е познат по тоа што со години отворено зборувшеа за своите проблеми со зависноста. Тој интравенозно земал кетамин во клиниката како дел од терапијата за депресија и анксиозност.

Според податоците од обвинението и изјавите на федералните обвинители, двајцата лекари му продале на Пери 20 ампули кетамин за 55.000 долари во готово, наплаќајќи му по 2.000 долари за ампула што Чавес ја добивал за само 12 долари.

Метју Пери јавно ја призна децениската злоупотреба на разни супстанции, вклучително и во текот на годините кога го глумеше Чендлер Бинг во хит-серијата „Пријатели“.

Слични објави

Бојан Илиевски е победник на 19. сезона на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ искрена за „Ѕвездите на Гранд“ — многу сум образована и не го брукам својот народ

apostolova

Дневен хороскоп за 21 јуни: Пред вас е ден полн со предизвици, бидете внимтелни

apostolova

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova
Се вчитува....