07:52 - 28 ноември, 2026

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

Наум Петрески откри како изгледаат неговите боемски ноќи кога настапува и кога се враќа дома.

„Кога песната ќе заврши, остануваме со музичариве задолжително на крај. Еве сеа, петокот бев во Прилеп, на пример, се вратив дома во три и пол“, рече фолк-пејачот во емисијата „Вечер по осум“ која ја води Мирослав Кацаров.

Водителот потоа низ насмевка го праша: „Истиот или другиот ден“, а Наум одговори: „Истата вечер, истата“.

Наум сподели една стара насловна страница каде што е тој со музичарот Љупчо Трајковски- Фис, од 2001 година, од ревијата „Екран“ и искрено го кажа своето мислење за состојбата на македонската музика во тоа време и денес.

-Е, вака беше на почетокот од 1990-тите, и 2000-тата кога имавме Македонска телевизија и радио и имавме естрада за која се пишуваше во списанија како „Екран“ и други.

Имавме многу квалитет заради селекцијата што се преферираше во МТВ во која многу денешни пејачи што се мислат пејачи ќе вртеа околу телевизија, бидејќи нема да можеа да влезат во таков (не)квалитет- напиша пејачот пред неколку месеци.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....