06:49 - 28 ноември, 2026

Додека трае кризата во Дубаи, синот на Трамп ја заследи српската инфлуенсерка Сара Дамјановиќ

Српската инфлуенсерка Сара Дамјановиќ, позната како Сара ТКД, и натаму престојува во Дубаи заедно со сестра ѝ Ања, каде што состојбата останува напната. По евакуацијата од станот во кој биле сместени, двете се преселиле во хотел, а таа истакнува дека ситуацијата е сериозна, особено во текот на ноќните часови.

Нејзините објави на социјалните мрежи будно се следат од јавноста, бидејќи редовно информира за случувањата. Во меѓувреме, на мрежата Икс се појави информација дека на Инстаграм ја заследил Ерик, синот на Доналд Трамп, но таа засега не се огласила по тој повод.

Сара откри дека е исцрпена и вознемирена, бидејќи спиела само неколку часа. Според неа, имало луѓе кои се упатиле кон аеродромот и се качиле во авион, но летот не бил реализиран. Таа смета дека во моментов е побезбедно да се остане на сигурно место отколку да се ризикува со патување. Додава дека можно е ситуацијата да се смирува или дел од информациите да не се објавуваат за да не се создаде паника. Девојки што живеат поблиску до водата или аеродромот ѝ пишувале дека почувствувале непријатности и потреси.

Таа вели дека преку ден е релативно мирно, но по полноќ атмосферата станува понапната. Од властите добиле известување за нагла временска промена, што дополнително ја зголемило загриженоста. Утрото повторно се слушале пригушени експлозии во далечина.

Во своите видеообраќања таа нагласува дека доколку се слушнат удари, тоа е и поради градежните активности во градот, каде животот формално продолжува нормално. Сепак, детонации се слушаат веќе неколку дена, а последната посилна ја разбудила од сон.

Поради безбедност, таа уште првиот ден се оддалечила од крајбрежјето и не сакала да остане на висок кат во зградата во случај на евакуација. Затоа со сестра ѝ се преместиле на пониско ниво, на втор кат во хотелот. Засега не планира враќање во Србија, бидејќи смета дека тоа би било ризично.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....