16:28 - 31 март, 2026

Џорџина Родригез ги открива најинтимните детали од животот со Роналдо: „Цело утро тренира, не сака да готви“

Инфлуенсерката и партнерка на фудбалскиот ас, Џорџина Ридригез, раскажува детали за нејзиниот секојдневен живот дома со фудбалската ѕвезда.

Инстаграм

Светски познатата инфлуенсерка е подготвена да направи се за да биде во центарот на вниманието, дури и до степен да отркива интимни детали за својот партнер.

Манекенката и партнерка на Кристијано Роналдо сподели детали од нејзиниот секојдневен живот со 38-годишниот португалски фудбалер.

Според „Спортвик“, Кристијано Роналдо не влегува по никоја цена во кујна за нешто да зготви, а во домот имаат готвач, а понекогаш готви и самата Џорџина.

„Кристијано е супер татко и најдобриот сопруг за кој сум можела само да сонувам“, рече таа во интервјуто и додаде: „Но, тој не готви. По целото утро тренира, заслужува да најде убаво јадење на масата, подготвено со љубов“. Таа понатаму открива и дека „имаме готвач, но и јас понекогаш готвам“.

Прилагодувањето на животот во Саудиска Арабија се случува постепено за Родригез. Партнерката на напаѓачот откри и дека се соочува со тешкотии во нејзиниот нов дом.

Таа се пожали дека таваните се многу високи, па и едноставното менување на сијалицата „создава хаос“.

Промената на културата за Џорина била радикална на секој можен начин. На пример, самата земја има забрана за странци во земјата да живее вонбрачно, како што е случуј со Кристијано и Џорџина. Дополнителен проблем ѝ создава и изборот на облека која не треба да биде провокативна, а убавицата, напротив, во гардероберот има само таква облека.

инстаграм

„Властите од неодамна почнаа да замижуваат и повеќе не ги гонат страниците жестоко како порано, иако овие закони важат кога ќе се појави проблем или кога има кривично дело“, објаснува Родригез.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....