11.8 C
Скопје
10:12 - 23 март, 2026

ЏОНИ ДЕП СЕ ВРАЌА КРАЛСКИ: Актерот ја доби првата улога по скандалот со Амбер Херд

Џони Деп(58) ќе го толкува францускиот крал Луј XV во претстоен филм во режија на француската режисерка Маивен Ле Беско, пишува „Variety“.

Ова е првата улога на Џони Деп по филмот „Minamata“ од 2020 година и се случува во време на неговата тековна правна битка за клевета со поранешната партнерка Амбер Херд во врска со обвиненијата за семејно насилство.

На Џони Деп му беше дозволено да продолжи со тужбата за клевета против Амбер Херд

Филмот ќе започне со снимање ова лето и ќе се одвива три месеци на локација низ париските знаменитости, вклучувајќи ја и Версајската палата.

Дејството ќе се „одвива околу Луј XV, кој го доби прекарот „миленик“ и владееше 59 години, најдолго во историјата на Франција по Луј XIV. Парадоксално, Луј XV умре како непопуларен крал откако беше обвинет за корупција и разврат“.

фото: EPA-EFE/JUAN HERRERO

Иако тој ги изгуби симпатиите на Холивуд по обвиненијата и неговиот случај за клевета против британскиот таблоид „The Sun“, Деп не се соочи со големи реакции во Европа.

Слични објави

(Видео) Елена Велевска: Јас сум најодговорната мајка, децата ми се разбрани

Еспресо

(Фото) „Ме замоли да го направам тоа, ветив, не знаев…“ Дарко Лазиќ сподели трогателна објава за својот покоен брат Драган

Еспресо

Хороскоп за 23 март: Вагите ќе поттикнат креативна љубопитност, Стрелците ќе ги контролираат емоциите

Еспресо

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо
Се вчитува....