13:24 - 7 ноември, 2026

Џенифер Лоренс шокираше со изјавата: Водам таен живот, преку лажен профил се карам на социјалните мрежи!

Холивудската актерка Џенифер Лоренс во најновото интервју, односно гостување во поткаст, рече дека има „таен живот“, откривајќи дека на социјалната мрежа Тикток има таен профил од кој коментира и влегува во расправии со други корисници на таа мрежа.

„Имам таен профил на Тикток. Влегувам во коментарите, се расправам. Тоа ми стана навика“, рече Лоренс во интервју за „Фанданго“.

Како што објасни, сè започнало безопасно, со расправии за реалити програми и ѕвезди како „Вистинските домаќинки“ или „Кардашијан“.

„Се карам во коментарите. Една девојка ми напиша: ’Колку години имаш? Имај си свој живот“, раскажа холивудската ѕвезда низ смеа.

Како што додаде, ситуацијата се вжештила кога почнала да коментира за британското кралско семејство, наведувајќи дека кралицата Елизабета втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип, биле роднини.

„Многу луѓе едноставно не знаеја дека кралицата Елизабета втора била мажена за својот братучед од прво колено. Едноставно е така. Тоа е факт. Тие се роднини“, изјави Лоренс.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....