5.8 C
Скопје
08:01 - 19 октомври, 2026

Колку чини прослава на Нова година во Дубровник со Здравко Чолиќ и Северина? Најниската цена на новогодишниот пакет е 2.430 евра, а највисоката…

Здравко Чолиќ ќе настапи за Нова Година во хотел во Дубровник на 31 декември, додека Северина ќе ја забавува публиката на 2 јануари.

„Цените на понудените пакети се однесуваат на две лица и вклучуваат два концерта, две свечени вечери, полупансион за третиот ден од престојот, како и сите други услуги што се дел од понудата“, објаснија од хотелот за „Вечерњи лист“.

Достапни се само пакети за три ноќевања – па ако сакате да присуствувате само на концертите, тоа не е можно. Бидејќи хотелот нуди неколку опции како дел од новогодишната програма, новинарите ги прашаа која е цената на најевтиниот и најскапиот пакет.

„Најниската цена на новогодишниот пакет вклучува стандардна соба со поглед на градот. Цената без попуст е 2.430 евра. Најскапиот пакет, кој вклучува апартман, чини 5.645 евра, исто така без попуст“, изјавија тие.

Тие ги објаснија и причините за толку високите цени на новогодишната програма.

„Во салата каде што ќе се одржуваат концертите, имаме виолетова, црвена и сина зона, кои се разликуваат според распоредот на седење, односно кој е поблиску до сцената. Гостите ќе уживаат во гала вечерта со хитовите на нашите пејачи. Најскапа е виолетовата зона, со најдобар поглед на сцената, црвената зона е во средината, додека масите на крајот од салата се наоѓаат во сината зона, која е најевтина“, објаснија од хотелот.

Тие открија и колку долго ќе траат концертите на Здравко Чолиќ и Северина Вучковиќ:

„Засега не можеме со сигурност да го потврдиме тоа, но претпоставуваме дека ќе траат околу еден до еден и пол час“, рекоа тие.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....