9.8 C
Скопје
06:33 - 29 март, 2025

Џенифер Лопез и Бен Афлек веќе се венчаа? Тајна венчавка, да, но бајковита

Според информативниот шпански сајт Марка, двете ѕвезди во голема тајност се заколнале на вечна љубов во Џорџија, откако потпишале договор за доверливост на гостите.

Џенифер Лопез и Бен Афлек изгледа дека веќе се маж и жена. Златната двојка наводно се венчала пред неколку дена во голема тајност. Објавата на познатиот шпански сајт Марка, сè уште не е потврдена или демантирана од веројатните младенци.

Имено, венчавката на Бенифер се случила веднаш по свадбата на Бритни Спирс и Сем Асгари. Свадбата инсистирале да биде во строга тајност. Во првото интервју објавено за People од Џенифер Лопез веднаш по повторното обединување на парот, поп-ѕвездата објасни дека прекумерната медиумска експонираност придонела за нивната разделба во 2004 година. Затоа, за да ја заштитат својата љубов, тие двајца навистина можеби решиле да се држат строго до тајноста на врската и нејзиниот развој.

Како што објави Марка, Џеј Ло и Бен се венчале во Џорџија во хотелот Риц-Карлтон Рејнолдс, живописна локација на езерото Оконе.

Хотелот е опкружен со голема зелена површина со дрвја и бујна вегетација. Детал што го прави идеален за да се биде подалеку од љубопитните очи. Но, тоа е исто така романтично место и „гнездо“ како од соништата, совршено за вкусовите на Бенифер.

Церемонијата, интимна и приватна, се одржала во присуство на неколку гости. Меѓу нив бил и Марк Ентони, поранешниот сопруг на ѕвездата и татко на нивните близнаци, Еме и Макс.

Од гостите, како и од целиот персонал кој работел на свадбата на годината, било побарано да потпишат договор за доверливост за да не „протечи’ ниту една информација, фотографија и детал поврзани со свадбата.

Многу верјатно е дека двојката решила да ја продаде ексклузивата на некој весник. Или дека сака да ги задржи овие спомени само за себе. Во моментов, всушност, двајцата наводни младенци немаат објавено официјално соопштение. Па дури и нејзиниот социјален профил, на кој обично сака да споделува сè за неа со следбениците, засега е тивок. Додека  љубопитноста на фановите расте.

Слични објави

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Еспресо
Се вчитува....