00:40 - 11 ноември, 2026

(Фото сторија) Рај во село Секирник: „Прекрасно е чувството кога знаеш дека одржуваш нешто во живот“, Силвана ни ги нахрани очите со бои и убавини

Семејството Панајотови имаат преубав двор во село Секирник, општина Босилово, толку убав што моравме да подзастанеме и да ѝ поставиме неколку прашања на домаќинката, Силвана Панајотова. 

Од Силвана дознаваме дека за дворот кој се протега на 2 хектари се грижи самата таа и нејзиниот сопруг. Дворот е царство на чемпресите, оревот, елата, смоквата и јапонската јаболка, а од цвеќињата миризба шират грациозните кампанули, раскошните бугенвили, украсната трева со магични цветови – пампас, бендерите, жолтите туфки и многу други.

– Оваа година нашиот двор е збогатен со прекрасната Калибрахоа, петунија, сарделите, трендафили, каранфил, дрво на животот, раскошната бугенвелија,тука се секако чемпресите кој за нивната форма се грижи мојот сопруг како и за живите огради, и други убавици кои го прават нашиот двор прекрасен – објаснува Силвана.

За убаво уреден двор е потребно пред сè многу љубов, додава таа – „Потребно е и многу грижа, ние со мојот сопруг се грижиме за потребите на цвеќињата и зеленилата, за секое растение што го имаме во нашиот двор. А тие ни ја возвраќат љубовта во бои и го прават нашиот двор рај за очи“.

За Силвана „прекрасно е чувството кога знаеш дека одржуваш нешто во живот, со љубов може сè да се постигне“.

Таа ги следи светските трендови на уредување на двор.

– Најмногу добиваме идеи од апликацијата Pinterest, благодарение на неа научивме многу корисни совети за уредување, но секако дека добиваме идеи и од членките на групата Дворчето кои имаат прекрасни дворови и преубави цвеќиња – вели Силвана.

Кога сме кај предизвиците, нашата соговорничка смета дека со труд и љубов секој двор може да биде убав.

– Најголем предизвик ни е усогласување на времето за работа со одгледување на дворот бидејќи и јас и сопругот сме вработени, но секако наоѓаме време за одгледување и да уживаме во оваа колоритна глетка, да ручаме со нашитие најмили и да пиеме кафе.

Инаку, Силвана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата од прекрасниот двор на семејството Панајотови во село Секирник.

Фото- приватна архива

(Фото сторија) Во преубавото Пештани – преубав двор, Менка ни ги отвора вратите на цветното царство покрај Охридското Езеро

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....