21.8 C
Скопје
13:52 - 21 октомври, 2026

(Фото сторија) Во преубавото Пештани – преубав двор, Менка ни ги отвора вратите на цветното царство покрај Охридското Езеро

Разговараме со Менка Чичоска, дама со широка насмевка и огромна љубов кон природата, а која исто толку љубов вложува и во работата што ја работи – туризмот.

Летото е пред нас, и Менка има полни раце работа, но има и големо искуство во туристичката дејност, зашто 20 години работела во врвни хотели. Денес пак, се занимава со домашен туризам, а живее на едно од најатрактивните места покрај Охриското Езеро, Пештани.

А бидејќи сега е повеќе дома, таа има и повеќе време да се посвети на нејзината градина која изобилува со најразновидни цвеќиња.

– Со нега на цвеќе се занимавам цели 30 години. Додека бев кај мајка ми, учевме и работевме земјоделие. Откако дојдов тука почнав да се занимавам со цвеќе – ни открива Менка.

Најпрво многу ја сакала лазечката сардела, и сите балкони и тераси ѝ биле полни со сардели во сите бои и нијанси. А, потоа, година по година, почнала и на поголемо да купува и одгледува цвеќе.

– Цвеќето ме исполнува, го сакам секое цвеќе многу – вели Менка.
За одгледување и уредување на домот и дворот најмногу е посветена таа, додека нејзиниот сопруг има други обврски.

Инаку, дворот не е воопшто мал, се простира на 150 квадратни метри и секое цвеќе, како што вели Менка, веќе си го има зафатено своето место.

– Имаме рози во најразлични  бои, леандри, хортензии и повеќе видови на сезонско цвеќе – раскажува со радост Менка, набројувајќи –  бегонии, питунии, камелии, обетки и ред други.

Но, тоа не е се. Добар дел од времето таа го минува и во одгледување на африкански лубеници.

– Хибридни, ги размножувам од лист, па ги имам некаде преку стотина во моментов, треба да цветаат а некои се усте растат.

Се согласува дека два до три часа дневно е доволно време за да им се посветите на цвеќињата, на одгледување, полевање, прихрана.

– Бугенвилија, леандри, сардели, сурфинии се повеќе за на сонце, но кај мене дворот е на северна страна и така ми се поуспешни, побогати со цвет, со еден збор прекрасни – низ насмевка ни покажува.

Што се однесува до предизвикците во дворот, вели дека најголем предизвик е кога доаѓа пролет, „веднаш почнувам со идеи за цвеќе, па резење, уредување на дворот, за да ми е убаво средено и сакам да узивам во секое цветче – ни открива нашата цветна дама.

И за крај порачува „сакајте го цвеќето, посветете му време и тоа ќе ви возврати со убавина. Најмногу љубов и волја пред се е потребна за сите оние што сакаат да негуваат цвеќе!“.

Инаку, Менка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во фотогалеријата од прекрасниот двор на Менка во прекрасното Пештани.  

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Балконче како бонбонче, Елена ни покажа како од мал простор може да се создаде разиграна цветна оаза

Слични објави

„Немам ништо против сопругата на татко ми, повеќе ми пречеле партнерите на мајка ми“: Александар, синот на Тони Михајловски, искрено за односите во семејството

apostolova

Салата од моркови со лук и јогурт – кремаста, освежителна и готова за 10 минути

К.С.

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.
Се вчитува....