24.8 C
Скопје
14:05 - 6 октомври, 2026

Дали Бред Пит ќе се појави со Луис Хамилтон во филмот за „Формула 1“? Седумкратниот светски шампион им одговори на новинарите

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во петокот изјави дека нема да се појави во филмот за „Формула 1“ со Бред Пит во главната улога, а кој тркачот на „Мерцедес“ го копродуцира.

„Епл ТВ“ минатата недела соопшти дека неговото студио ги добило правата за проектот што ќе го режира Џозеф Косински, режисерот на најновиот блокбастер „Топ ган: Маверик“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)


Косински ќе го продуцира филмот заедно со тркачката легенда Хамилтон, „Плен Би ентертејмент“, Џери Брукхајмер и Чед Оман. Филмот сè уште нема официјален наслов.

„Тоа е навистина кул проект“, им рече Хамилтон на новинарите на Гранд-при Азербејџан во петокот.

„Веќе работиме на сценариото, и многу е забавно, поминуваме добро време со Бред што е прилично епско“, додаде поранешниот светски шампион.

Хамилтон (37), најуспешниот возач во историјата на Формула 1, има различни интереси надвор од спортот, вклучително и модата и музиката, па дури и го има во песна на Кристина Агилера.

Тој е исто така голем борец за човекови права, социјална правда, еднаквост и животна средина.

 

Слични објави

(Фото) Стефан Лазаров го зеде малиот Лука од болница, па порача: „Победив“

К.С.

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ сподели емотивна објава посветена на ќерката: „Јас те родив и засекогаш ќе…“

Еспресо

(Фото) Машките одела од „Капитол“ – елеганција со совршен крој

Еспресо

Балерината Стефанија Гаштарска проговори за тешкото нарушување во исхраната: „Постојано се изгладнував себеси“

К.С.

Синот на покојниот српски пејач Луис откри дека води битка за своето здравје: Сакав да споделам за да ме препознаете без коса и брада

Еспресо

Татјана Стојановска за љубовта и убавината: За долга врска не е доволна само привлечноста

Еспресо
Се вчитува....