35 C
Скопје
14:43 - 3 август, 2026

Амбер Херд го прекина молкот: „Плукајте ми го отровот в лице, а не на социјалните мрежи“

Во првото телевизиско интервју објавено по долгото судење против поранешниот сопруг Џони Деп, актерката извади повеќе од камче од нејзиниот чевел.

Првото интервју што Амбер Херд реши да го даде по пресудата за долгата и исцрпувачка правна битка со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп беше спој на елеганција и смиреност. Во првите неколку моменти од нејзиното гостување во емисијата „Тудеј“, која ќе се емитува во среда и четврток на NBC, Херд ѝ објаснила на новинарката Савана Гатри дека разбира зошто поротата ја изразува својата наклонетост кон Деп, а не кон неа.

„Не ги обвинувам, всушност разбирам. Тој е сакан лик и луѓето чувствуваат дека го познаваат. Тој е застрашувачки добар актер“, рече Херд пред да зборува за сите навреди што ги преживеа, особено на социјалните мрежи, за време на жешките месеци на сослушувањето.

„Не ми е гајле што мислат луѓето за мене, исто како што не ми е грижа за проценките за она што се случуваше во приватноста на мојот дом и мојот брак. Мислам дека луѓето не треба да се грижат за деталите од мојот личен живот, па затоа се трудам да не го земам тоа при срце“, продолжи Херд, која, како што знаеме, осудена е да му плати на Деп 10 милиони долари обештетување бидејќи судот пресуди дека објавениот едиторијал во Вашингтон пост во 2018 година, оној во кој таа тврдеше дека е жртва на семејно насилство, сериозно ги нарушил кариерата и угледот на нејзиниот поранешен сопруг.

„Но, ако некој мисли дека ја заслужувам сета оваа омраза, сиот овој отров, дури и ако мисли дека лажам… Па, мислам дека сето тоа треба да ми го каже во лице гледајќи ме во очи, а не да го пишува на социјалните мрежи“, изјави Амбер Херд.

Според некои, Херд би можела сепак да биде отсечена од продолжението на Аквамен поради скандалот кој ја „тресе“ во последните месеци. Останува дека Деп, со овој случај, доживува нова младост во медиумите, за разлика од Херд која допрва треба да се исправи и да продолжи, со жвотот и кариерата, напред.

(Видео) Откриена е врската на Џони Деп и Хеди Лимар; „Се чувствувам како 18-годишник“

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ блеска во бикини од Италија, по роденденот на Швајнштајгер: „Слаткото безделничење“

Еспресо

Водителката Сузана Манчиќ стана баба — ќерката Теодора роди син и му даде старо српско име

Еспресо

Зошто најмногу мозочни удари се случуваат наутро?

Еспресо

(Фото) Таткото на бебето ги посетил, но Едита сама ја одгледува ќерката – пејачката ги покажа првите денови дома

Еспресо

Хороскоп за 3 август: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

Еспресо

Како настанала легендарната песна „Д-мол“ на Балашевиќ: „Оној по кого копнееш не мора да биде далеку од тебе“

Еспресо
Се вчитува....