13.8 C
Скопје
02:19 - 30 септември, 2026

„Денес ми е страв. Првпат во животот. Не од смртта, туку од докторите“: Ведрана Рудан проговори искрено за болеста

Познатата хрватска писателка Ведрана Рудан, која извесно време води тешка битка со карциномот, повторно го потресе регионот со својата најнова и, како што вели, „најхрабра“ колумна. Објавена под наслов „За боговите“, таа открива сурови детали од своето искуство со доктори, болнички систем и личната борба со смртоносната болест.

На Фејсбук текстот го најави со реченицата:

„Зошто пациентите немаат право на олеснителни околности? Докторите ја губат емпатијата на третата година од студиите“

Рудан го отвора текстот со признание:

„Цел живот се борам со ветерници. Никогаш не ми било страв. Денес ме е страв првпат. Не од смртта — туку од докторите. Не од сите, но од некои. Од нивната ладнокрвност, дрскост, недостаток на емпатија.“

Таа додава дека бројни истражувања покажуваат како студентите по медицина токму на третата година ја губат емпатијата:

„Премалку ги има, хронично се уморни, некои пијат алкохол, други гледаат низ тебе … не им е лесно.“

Трагичните искуства со нејзините најблиски

Писателката се потсетува на болните моменти кога се соочила со страдањето на својата сестра:

„Пред дваесет години мојата сестра умираше. Се задушуваше, кркљаше, молеше за милост. Го преколнував докторот да ѝ помогне. Таа веќе нема бели дробови!, ми извика.“

Уште потежок бил случајот со нејзината мајка, за која докторите тврделе дека „глуми“:

„На сите им кажуваа дека не ја кажува вистината, дека не треба да реагираме на молбите на размазената старица. Карцином и открија два дена пред смртта.“

„Мојот доктор мисли дека бил предобар со мене“

Рудан открива и детали за сопствената борба со карциномот:

„Од почеток никој не криел дека имам неизлечива болест. Но ставовите на докторите различно звучеа. Еден онколог ме праша: ’Кој идиот ти рекол да се зрачиш?‘ Рече дека ќе поминам низ пекол — и беше во право. Но неговиот тон … тоа не можам да си го објаснам.“

По колумната, таа чувствува дека некои лекари ѝ се одмаздуваат:

„Докторот престана да ме поздравува. Тоа го дознав преку сопругот, кој го гледа низ болницата. Која суета, бесчувствителност … Господинот мисли дека до сега бил премногу добар со мене“

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....