05:10 - 28 ноември, 2026

Деколте и долги нозе: Андријана Петрушовска со нова секси фотосесија

Фолк-пејачката Андријана Петрушовска уште еднаш докажа зошто важи за една од највпечатливите и најатрактивните појави на домашната музичка сцена.

Позната по своите глас и става, со кој ја освои и пошироката јавност со одличните настапи во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, таа повторно ги привлече погледите и ги „запали“ социјалните мрежи со својот најнов изглед.

На најновата фотографија, Андријана позира во амбиент кој совршено естетски се вклопува со нејзиниот стајлинг. Таа се одлучи за класична, но секогаш ефективна црно-бела комбинација, која во нејзина изведба изгледа неверојатно шик и тренди.

Главниот акцент во нејзиниот аутфит дефинитивно е белата јакна со долги реси. Под неа, Петрушовска носи припиено црно боди со впечатливо, длабоко деколте кое ги нагласува нејзините атрибути, во комбинација со кратко црно здолниште кое во прв план ги става нејзините долги и витки нозе.

Сепак, она што дополнително го „крева“ целиот стајлинг на повисоко ниво се атрактивните црни сандали со ремени кои се виткаат околу зглобовите, кои на целата комбинација ѝ даваат дополнителна доза на сексапил и самодоверба.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....