13:10 - 7 ноември, 2026

Дечкото на Јована Јеремиќ се вклучи во утринската програма: Пуштете ја порано дома, треба да меси бадниково лепче!

Момчето на српската водителка Јоване Јеремиќ, сопственикот на пекарската индустрија, Драган Станковиќ, се приклучи на утринската програма кај неговата сакана и зборуваше за почетокот на нивната љубов.

Станковиќ, во оваа прилика се потсети дека минатата година ѝ подарил бадникова погача на Јована и дека нивната љубов започнала од тогаш.

– Како што знаете, минатата година на вашата колешка, сега мојата девојка, се надевам и вечна сопатничка, ѝ посакав да најде вечна љубов и мислам дека Господ нè спои на овој ден – рекол Драган и додал:

– За мене мојата избраничка е најдобра и ѝ посакувам многу повеќе успех, а ве молам пуштете ја порано од „Пинк“ да дојде да го меси бадниково лепче, затоа што го вежбаше претходните денови и одлично ѝ оди. Мајка ѝ ја родила за сè.

Јована не ја тргнувала насмевката од лицето, а цело време внимателно го слушала својот избраник.

Да потсетиме, водителката Јована Јеремиќ по разводот со Воислав Милошевиќ среќата ја најде кај успешниот бизнисмен Драган Станковиќ.

Јована ја дочека Новата година со партнерот со кој би сакала да добие син.

– Првата Нова година со човекот што го обожавам на мега дочек како што доликува на кралиците – напиша Јована на социјалните мрежи, а можевме да го видиме и нивниот жежок новогодишен танц.

– Родителите одлично го прифатија Драган, мама рече дека е добар дечко. 2023 година ми го промени животот, ја запознав љубовта на мојот живот и го исплатив кредитот за станот, па официјално сум сопственик на мојот стан, успеав да го сторам тоа и можам да кажам дека добро ја завршив годината – изјави Јована Јеремиќ.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....