21.8 C
Скопје
13:51 - 27 септември, 2026

За новото презиме на Сораја се дозна дури кога беше уапсена: Ова го пишува во нејзината лична карта

Српската старлета Сораја Вучелиќ со години е во центарот на вниманието на јавноста поради турбулентниот живот, додека јавноста памети како се дозна нејзиното ново презиме веднаш откако беше уапсена во Црна Гора, пишува српски „Блиц“.

Сораја (37) во 2020 година, беше уапсена на Жабљак, под сомнение дека сторила кривично дело непочитување на здравствените прописи за борба против коронавирусот, за што се зборуваше низ регионот, а еден детаљ им падна вооко на многу луѓе во тоа време.

Тогаш медиумите пишуваа дека се работи за Сара Вучелиќ – Масони, а додека претходно се знаеше дека нејзиното вистинско име е Сара, не се знаеше кога на презимето додала уште едно.

Instagram

Сораја неколку месеци подоцна тврдела дека се омажила за човек од Холандија.

– Мојот сегашен живот е сосема поинаков од мојот поранешен живот во Белград. Посериозен е, но и јас станав сериозна – рекла старлетата, а потоа додала дека не сака да го коментира своето ново презиме.

– Така е, како е… Нема да зборуваме за моето презиме – отсечно рекла таа во емисијата на црногорскиот водител Божо Добриша.

Фото: Инстаграм

Името на старлетата, освен во реалните шоуа, се најде и во евиденцијата на црногорската и српската полиција, па во летото 2018 година ѝ беше забранет влез во Србија согласно Законот за странци врз основа на кој на странски државјани може да им се забрани влез во земјата заради заштита на јавниот ред или безбедност на Србија и нејзините граѓани. Зошто токму влезот бил забранет не се објавува. Нејзиното име беше во центарот на истрагата по убиството на Баранин Армин Муса Османагиќ и поради нејзиното познанство со мадам Жељка, која беше уапсена под сомнение за посредување во проституција.

Сораја, да потсетиме, денес го има синот Кан, додека идентитетот на мажот со кој доби дете од јавноста го крие од самиот почеток.

 

Слични објави

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.
Се вчитува....