14:22 - 27 ноември, 2026

(Фото) Цeца на Божиќна литургија со целото семесјтво: Еве што облече пејачката за причест

Божиќната литургија се одржа синоќа точно на полноќ во црквата Свети Сава каде се собраа голем број православни верници. Литургијата ја служеше викарниот епископ Ремесиски Стефан, а како и секоја година присуствуваа многу познати личности.

На полноќната литургија најголемо внимание привлече Цеца Ражнатовиќ која се појави со синот Вељко и сестрата Лидија. Цеца традиционално секоја година на Бадник го посетува храмот Свети Сава, а потоа се причестуваат сите во семејството.

Цеца за оваа прилика одбрала елегантен бел капут со сребрени детали, кој не остана незабележан.

Инаку, ова е неизбежна традиција за Цеца, а нејзиниот свештеник еднаш за неа рекол:

„Одговорно тврдам дека Цеца во духовна смисла е еден од моите подобри духовни чеда“, изјавил владиката Стефан Шариќ.

„Таа почитува многу работи што ѝ ги кажав како вистински верник. Сега таа е сосема нова личност, а оние кои неосновано ја осудуваат еден ден ќе се сретнат самите со себе во некој агол. Осудувањето не е добро. Се разбира, Црквата секогаш ќе има разбирање за сите луѓе, дури и за најголемиот грешник, а камоли за личност како Светлана“.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....