01:12 - 24 септември, 2026

Дали Марија Шерифовиќ ќе може да го крсти синот: Што вели црквата

Марија Шерифовиќ пред неколку дена сподели прекрасна вест. Таа се исполни во својата најголема животна улога, а тоа е улогата на мајка.

Својот животен сон го остварила преку сурогат мајчинство во Америка. Процесот беше долг, но таа беше многу трпелива.

– Љубовта дојде. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Марио се роди. Животот да те води по најубавите патишта сине, а јас те штитам со мојата љубов од тагата и луѓето  – напиша неодамна Марија Шерифовиќ на Инстаграм со фотографија од нејзиниот син.

Овој гест поттикна многу жени да ги исполнат своите улоги како мајки преку сурогат мајчинство.

Сега се поставува прашањето, што ќе се случи доколку Марија реши да го крсти синот во нејзината земја, Србија, и дали воопшто ќе може то да го оствари бидејќи православната и католичката црква имаат свое мислење за сурогат мајчинството. Православната црква смета дека вклучувањето на сурогат мајка ја нарушува светата тајна на бракот и го намалува личниот карактер на брачните односи, пишуваат српските медиуми.

– Православната црква смета дека човечкото суштество не е едноставен збир на клетки, коски и органи, ниту дека човекот се дефинира исклучиво со биолошки фактори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

„Човекот е создаден според ликот Божји…“ се наведува во документот „Мисија на православната црква во современиот свет“, кој го потпишаа поглаварите и великодостојниците на десет православни цркви, меѓу кои и СПЦ.

Српската православна црква нема официјален став.

Пред неколку години, Синодот на Руската православна црква објави официјален документ со кој се дефинира односот кон крштевањето на децата родени од сурогат мајки. Во соопштението се наведува дека руската црква ќе ги крштева децата родени од сурогат мајки само кога родителите ќе се покаат во црква. Друга можност да се крсти е кога детето ќе стане полнолетно или ќе достигне возраст кога може самостојно да одлучи дека сака да ја прифати христијанската вера.

Слични објави

(Видео) По 12 години си замина од „Ѕвездите на Гранд“: Еве каде се наоѓа Ана Бекута

Еспресо

(Фото) Заљубени и среќни – Вељко и Богдана Ражнатовиќ споделија емотивен момент

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и сопругот Рубин на романтично патување во Бугарија, позираа во складни комбинации

Еспресо

„Браво, љубов моја“: Анастасија Ражнатовиќ горда на Немања Гудељ, честитки стигнаа од сите страни

Еспресо

(Фото) Миа Костова проговори за тешкиот период: „Ова беше едно лето со лоши вести“

Еспресо

(Видео) Голема трансформација: Дејан Милиќевиќ ослабел 45 килограми

Еспресо
Се вчитува....