12:16 - 18 август, 2026

Принцот Хари е подготвен да се смири со татка си и братот: „Болеста ги зближува семејствата“

Принц Хари денес изјави дека е „благодарен“ што имал шанса да го посети својот татко, кралот Чарлс III, откако му бил дијагностициран рак.

„Гледате, ја сакам мојата фамилија. Фактот што можев да се качам во авион и да одам да го видам, да поминам некое време со него, благодарен сум за тоа“, рекол принцот Хари, пренесува Дејли меил.

Војводата од Сасекс рече дека е многу благодарен што можел да помине некое време со кралот Чарлс откако дозна дека е болен.

Оваа реакција го наведе народот да мисли дека се ближи примирјето во кралското семејство и кај сите ја разбуди надежта дека болеста на таткото ќе го обедини со отуѓениот син.

“Апсолутно, сигурен сум. Во сите семејства гледам дека семејната сила се обновува секој ден. Мислам дека секоја болест ги зближува семејствата”, рекол Хари.

Да потсетиме, принцот Хари се врати во Лос Анџелес на 7 февруари по еднодневната посета на Велика Британија. Тој дојде на посета на татка си само еден ден откако Бакингемската палата објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак.

Но многумина веруваат дека болеста на Чарлс е можност и за да се подобри односот меѓу браќата.

„Фактот што Вилијам и Хари не разговарале потврдува колку е лош нивниот однос. Вилијам вчера покажа дека се откажал од Хари. Не сака да го гледа, едноставно повеќе не е дел од неговиот живот”, изјави кралската експертка Џени Бонд.

Таа додаде дека јазот меѓу браќата сега е толку голем што се сомнева дека некогаш ќе можат да бидат блиски како порано. Но, Британците сепак, имаат надеж за помирување меѓу браќата.

Слични објави

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 август: Бидете внимателни пред да донесете важна одлука

apostolova

(Фото) Манекенката Иларија Кирилов го покажа виткото тело во бикини

Еспресо
Се вчитува....