7.8 C
Скопје
00:37 - 30 март, 2026

ЦРКВАТА ВО ИТАЛИЈА СЕ ИЗВИНИ: Бискупот ги шокирал децата велејќи дека Дедо Мраз не постои

дедо мраз

Католичката епархија во Сицилија им се извини на родителите откако нивниот епископ наводно на група деца им рекол дека Дедо Мраз не постои, пренеува „Би-Би-Си“.

Бискупот Антонио Стаглиано наводно на истиот верски настан рекол дека црвениот костум на Дедо Мраз го избрала кока-кола за рекламирање, пишуваат италијанските медиуми. Тие коментари ги налутиле родителите.

Во своето извинување од епархијата рекле дека бискупот сакал да го нагласи вистинското значење на Божик.

ДЕЦАТА И ВИСТИНАТА ЗА ДЕДО МРАЗ: Детски психолог ја разреши вечната дилема!

 

Исто така, бискупот сакал да привлече внимание на приказната за Св. Никола, оригиналната инспирација за ликот на Дедо Мраз, познат по дарувањето на сиромашните.

„Најпрво во име на бискупот изразувам жалење за оваа објава која во најмала рака предизвика разочарување и сакам да истакнам дека намерите на монсињор Стаглиано беа сосема поинакви“, напиша пречесниот во изјавата на фејсбук-профилот на епархијата.

дедо мраз

Имено, бискупот сакал децата „да размислат за значењето на Божик“, велејќи дека празникот станал познат по консумеризмот.

„Ако можеме да извлечеме поука од сите нас, млади и стари, од животот на Свети Никола… тоа е ова: помалку подароци за „конзумирање“ и повеќе „подароци“ за споделување“, се вели во соопштението.

Во интервју за „La Repubblica“, бискупот објаснил дека не им рекол на децата дека Дедо Мраз не постои, туку дека е неопходно „да се направи разлика помеѓу она што е реално, а што не е“.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....