04:28 - 8 ноември, 2026

Цеца остана без вредните работи што ја потсетуваат на починатиот сопруг: „Во сè е вмешана полицијата“ 

Богатството на Цеца Ражнатовиќ е тема за која повторно се зборува.

Цеца Ражнатовиќ пред дваесет и три години стана вдовица, а оттогаш поминаа многу тешки денови кои, како што самата призна, оставиле последици и за неа и за нејзините деца. И додека сите зборуваа за тоа колкаво богатство има Цеца Ражнатовиќ по смртта на Жељко, никој немаше поим низ каков пекол минува фолк дивата.

Не само што го загуби сопругот на најстрашен можен начин, туку морала да се бори со стравичните слики кои веројатно никогаш нема да ги заборави, но и со болката за љубовта на својот живот. Со денови таа беше во полиција за да дава изјави. За тоа време се зборувало за тоа кому ќе припадне наследството на Жељко, дали Цеца ќе го дели со неговите поранешни сопруги…

И додека со години воопшто не сакала да зборува за тоа, во 2018 година откри дека околу имотот и вредните работи на Жељко се уште се води оставинска расправа. Односно, дека не е завршена ни по 12 години.

Особено една вредна работа за Цеца се уште е предмет на оставинска расправа. Во прашање е блендираниот џип со кој на денот на свадбата Жељко пристигнал по Цеца во Житораѓа. Иако вредноста на ова возило е голема, за фолк ѕвездата и нејзините деца возилото пред се има емотивна  вредност.

Најтешко од се е што џипое и понатаму се наоѓа пред куќата на пејачката, но таа не може да го вози ниту да го продаде – што секако не би ни помислила да го продаде, пишуваат српските медиуми.

– Веднаш спроти куќата е паркингот на кој се наоѓа ова возило. Таму било донесено откако полицијата извршила детален преглед во 2000 година, кога бил убиен во хотел во Нов Белград. Оттогаш возилото не се поместило. Можам да ви кажам дека Жељко уживаше во возењето во него. Џипот е блиндиран, а како што гледате обичното стакло е испукано од стоење, иако можеби некој намерно го скршил. Стадионот Црвена Звезда е блиску, има многу навивачи, па кој знае – откри пријател на семејството Ражнатовиќ, пренесува српски Свет Скандал.

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....