16:08 - 31 март, 2026

Цеца ја урива до темел вилата на Кипар: Ќе вложи во уште поголем луксуз, еве како ќе изгледа

Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ реши да воведе новитет, па се впушти во целосна реконструкција на својата вила која ја поседува на Кипар.

Цеца за овој проект ја ангажирала фирмата на нејзината кума Виолета Вики Миљковиќ за целосна промена на објектот.

Како што дознава српски Телеграф, Цеца е решена целосно да го сруши стариот објект и на истото место да изгради нов, уште поголем.

„Вики го посети Кипар пред две години за да види што треба да се направи. Тимот архитекти го кажа своето мислење, но на крајот Цеца реши да ја сруши вилата и на истото место да изгради нова, многу поголема, дури 600 метри квадратни“, изјави изворот за српски Телеграф и додаде:

„Дизајнирана е целосно нова вила. Цеца уште не почнала со реновирање на вилата, таа работа допрва ја чека“.

Според информациите, новата вила ќе има три ката, на третиот е предвиден спа центар според проектот, а ќе биде поставено и џакузи од кое ќе има директен поглед на морето.

Да потсетиме, Цеца во неколку наврати има изјавено дека дизајнот на ентериери е нејзино хоби, како што пренесува српска „Нова“.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....