11:34 - 5 декември, 2025

Читач на усни откри што им рекол принцот Хари на присутните при пристигнувањето на крунисувањето: Како помладиот син на Чарлс ја откри анксиозноста

На крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс, принцот Хари седеше во третиот ред, одвоен од принцот Вилијам и неговото семејство, а читач на усни за британски „Мирор“ откри што им рекол отуѓениот принц на присутните при пристигнувањето во Вестминстерската опатија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)

Бидејќи неговата сопруга Меган Маркл одлучи да остане дома во Калифорнија со нивните деца, Хари имаш тешка задача – сам да го претставува своето семејство.

Хари пристигна на крунисувањето пред Вилијам и неговото семејство, во исто време со неговите братучеди, принцезата Беатрис и Јуџин.

Кога влегувал, Хари учтиво ги поздравил некои од гостите велејќи им: „Здраво“, „Добро утро“ и „Мило ми е што Ве гледам“, а читач на усни тврди дека рекол и: „Види го ова!“, восхитувајќи се на празничниот амбиент што го опишал како „прекрасен“.

Хари беше распореден да седи покрај сопругот на принцезата Јуџин, Џек Бруксбанк и принцезата Александра, братучетка на покојната кралица која не учествувала во кралските ангажмани десет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ramat Jóias (@ramat.joias_jewelry)

Експертот за говор на тело Џуди Џејмс објасни за британски „Мирор“ дека Хари изгледал нервозно додека чекал да пристигне Чарлс.

– Додека Хари чекаше на своето место да пристигнат неговиот татко и брат, имаше видливи знаци на растечка напнатост и анксиозност. Во еден момент тој ги стисна усните и ги излижа, а брзината на трепкање со трепките се зголеми, што укажува на наплив на адреналин, открива експертаката за говор на тело.

Патем, се верува дека распоредот на седиштата била една од спорните точки што го натерало Хари да одложи да одговори дали ќе присуствува на историскиот настан или нема.

Во ниту еден момент Хари не се најде во близина на неговиот брат, принцот Вилијам, а организаторите наводно сакале да се погрижат да нема јавна драма на големиот ден. Поради ова, раскараните браќа беа целосно разделени и со прецизен распоред како воопшто да не дојдат до контакт.

Потсетуваме дека Хари нема да присуствува на другите кралски церемонии, кои продолжуваат денес, а веќе е познато дека ведаш по церемонијата на крунисувањето брзо се вратил во САД за да присуствува на роденденската прослава на неговиот син Арчи.

 

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....