14:17 - 9 ноември, 2026

Чантата на Јелена Ѓоковиќ што ја носеше на Вимблдон е симбол на престиж во џет-сет круговите

Јелена Ѓоковиќ го бодри својот сопруг од трибините и постојано го привлекува вниманието со своите шик изданија. Во неделата додека Новак играше со Тим ван Рајтховен, можевме да ја видиме во лежерно издание во светла боја, во кое се истакна атрактивната чанта.

Станува збор за моделот Christian Dior Book Tote, кој чини од 2.850 до речиси 4.000 долари. Таа чанта го освои модниот свет и е симбол на престиж во џет-сет круговите.

Првпат ја видовме во колекцијата на Диор за пролет/лето 2018 и веднаш стана хит. Секоја од нив се прави за 32 часа, а везот на чантата е доста сложен, па и покрај едноставниот изглед, стилистите велат дека цената го оправдува квалитетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Јелена носеше облека во беж тонови – едноставна маичка, панталони до глуждови, како и бохо џемпер со дупчиња.

Аутфитот го комплетираше со патики и необичен ѓердан, а од неодамна обожава да носи локни.

Како и играчите, Јелена го испочитува кодексот на облекување на Вимблдон, кој бара да се носи бела боја – или барем светли тонови.

Правилото датира од 1800-тите кога дамките од пот на облеката се сметале за несоодветни во клубот каде што се играл турнирот. Од 1995 година, Вимблдон бара од играчите целосно да бидат во бело, а во 2004 година беше направен чекор понатаму, па и чорапите, градниците и целата друга опрема мора да бидат бели.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....