05:22 - 8 ноември, 2026

Борис Бекер откри како си го спасил животот во затвор: Успеал да нетара убиец да му ја бакне раката

Поранешниот тениски шампион Борис Бекер се отвори за опасностите со кои се соочил во затвор и откри фасцинантни детали за расправија што ја имал со убиец.

Германскиот поранешен тениски ас Борис Бекер беше прогласен за виновен за четири обвиненија во врска со неговиот банкрот и беше осуден на 30 месеци затвор. Помина осум месеци во затвор во Лондон, пред да биде преместен во Германија. Неодамна тој искрено раскажа за британски „Телеграф“ за некои од поопасните моменти што морал да ги издржи додека бил во затвор, како што е расправијата со осуден убиец.

„Се обиде да дојде по мене, ми ги кажа сите работи што ќе ми ги направи“, рече Бекер. Германецот потоа рече дека врескал за помош и, за среќа, бил спасен кога група од околу десет затвореници притрчала да му помогнат.

Убиецот, имено, погрешно ја разбрал популарноста на Бекер во затворот. Мислел дека е популарен по „карактерот“, а дури потоа сфатил дека станува збор за сосема друга популарност, за тенисот. Подоцна осудениот убиец му се извинил на Бекер и му ја бакнал раката во знак на почит, барајќи прошка.

Зборувајќи поопшто за тоа како е да се биде осуден на затворска казна, Бекер рече дека тоа е „понизно“.
„Тоа што е, тоа е вашата реалност. Немате време да се запрашате дали е понижување или не. Буквално станува збор за преживеј или умри“, рече Бекер. „Една од работите што мора да ги научите внатре, и брзо, е зборот прифаќање“.

„Мораш да ја прифатиш пресудата, да го прифатиш времето, да прифатиш каде си. Единственото нешто на што можеш да бидеш господар е твојот ум. Успеав. Мислам дека мојот тениски живот ми помогна. Веројатно бев стоик и кога играв, без да бидам свесен за тоа“, заклучи поранешниот тенисер.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....