17:29 - 31 октомври, 2026

„Бјути“ трик: Балзам од две состојки за поголеми усни без филери

Големите и полни усни сè уште се еден од главните „бјути“ трендови во светот на убавината.

Социјалните мрежи се полни со совети како да ги прецртате и зголемите усните со шминка. Од друга страна, „филерите“ и естетските корекции стануваат сè попопуларни, но со истите доаѓаат и сериозни здравствени предупредувања… Затоа, многумина се обидуваат да најдат природен начин како да добијат ефект на поголеми усни.

Ако не сте професионалец или едноставно ви изгледа комплицирано, претерано и неприродно, ви носиме едноставен рецепт од само две состојки што можете да ги направите сами дома за само неколку минути. Со овој мелем, вашите усни ќе бидат меки, но и поголеми отколку што се.

Сè што ви треба е вазелин и екстракт од цимет. Во празен сад додадете вазелин и неколку капки екстракт од цимет. Бидете внимателни, колку повеќе цимет, толку повеќе ќе чувствувате пецкање – затоа ве советуваме да ставите само неколку капки.

Добро измешајте ги двете состојки. Добиената сместа ќе ги хидрира и природно ќе ги зголеми вашите усни, а доколку го користите секоја вечер пред спиење ќе добиете уште подобар ефект!

Слични објави

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Еспресо

Улогата на Снежана Савиќ во „Подобар живот“ требало да ја добие оваа пејачка!

Еспресо
Се вчитува....