9.8 C
Скопје
14:24 - 31 март, 2026

Бил Гејтс е позитивен на коронавирусот: Дали ова е прво заразување со ковид-19 за мултимилијардерот?

Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс е позитивен на коронавирусот. Не е јасно дали Гејтс, кој досега донираше милиони за борба против пандемијата, првпат е позитивен на ковид-19.

66-годишниот Гејтс на Твитер објави дека се изолирал со благи симптоми и оти примил и засилувачка доза од вакцината. Тој, исто така, рече дека виртуелно ќе учествува на состанок со луѓе од неговата фондација.

Коосновачот на „Мајкрософт“ и мултимилијардерот Гејтс минатата недела објави книга со наслов „Како да се спречи следната пандемија“ во која објасни како земјите можат да направат координирани напори за спречување на пандемии и „елиминирање на сите респираторни заболувања“.

Тој отворено зборуваше за тоа како глобалните здравствени власти треба да одговорат на пандемијата и да дистрибуираат вакцини. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс соопшти дека донирала милиони на организации вклучувајќи ги Гави и Светската здравствена организација за финансирање на тестирање, третман и дистрибуција на вакцини.

Во јануари, Гејтс на Твитер напиша дека коронавирусот, „штом омикрон ќе помине низ земјата, ќе може да се третира повеќе како сезонски грип“.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....