09:41 - 8 ноември, 2026

Барбара Бобак за врската со Дарко Лазиќ: „Не сакав да ја отворам Пандорината кутија“

Пејачката Барбара Бобак проговори за својата кариера, успехот, но и за некогашната љубовна врска со пејачот Дарко Лазиќ, која долго време беше во фокусот на јавноста. Иако зад себе нема скандали, токму нивната врска често беше главна тема во медиумите.

По раскинувањето, ниту Барбара ниту Дарко јавно не изнесуваа „валкани алишта“, а пејачката сега откри зошто одбрале молк.

„Тоа беше турбулентен однос, најискрено. На крајот од врската избрав да не ја отворам Пандорината кутија. Потоа секој си продолжи по својот пат, немавме ништо што нè врзуваше и навистина немав што да зборувам. Тоа во тој момент беше моја одлука, моја врска. Не сакам да плукам по некого и не сум личност која се одмаздува. Ако врската завршила, сигурно не завршила затоа што била идеална“, изјави Барбара.

Таа откри и дека денес речиси воопшто не се слушаат и дека се како целосни странци – нешто што, според неа, е природен тек по прекин со партнер.

„Ние сме буквално странци. Тоа е нормално. Не е само со него – така ми е во животот генерално. Единствен пат кога го видов беше на комеморацијата за Сања Поповиќ, но тогаш ни човек ни ситуација не гледав. Не ми е јасно зошто на сите им беше толку шокантно. Уште на почетокот на врската бев многу јасна дека не сакам јавно да се знае дека сме заедно – токму за да не испадне ова што на крај испадна“, додава таа.

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....