18:03 - 7 ноември, 2026

Бајага се налути на пишувањата дека се лекува од алкохолизам – „Тоа се подметнати лаги, немам јас проблеми со моето здравје“

Српските медиуми деновиве пишуваа дека популарниот рокер Момчило Бајагиќ-Бајага, наводно, завршил на лекување од алкохолна зависност на една приватна руска клиника во Земун. Конечно, се огласи Бајага и ги демантираше овие пишувања.

Според некои наводи наводно Бајага се обратил за помош за да се  одвикне од алкохолот. Има  сериозни здравствени проблеми со црниот дроб. За неговото здравје интензивно се грижел доктор-специјалист, дојден само за тоа, дури од Москва.

Рускиот специјалист внимателно и секојдневно  ја следи оваа долгогодишната болест на Бајага. Мора така поради неговото  неконтролирано консумирање на алкохолот бидејќи му е уништен црниот дроб.

– Кај нас во Србија е особено прифатливо да се пие, да се наздравува во сите ситуации. Ретко кој, дури и кога ќе дојде до сериозен проблем, не сака да оди на лекување, велат српските доктори, опишувајќи ја сегашната ситуација со Бајага.

Рокерот во последен судбоносен момент реши да ги земе работите во свои раце, да дојде во оваа позната клиника, каде што успешно се лекува алкохолизмот. Тоа е мачен долготраен процес.

-Менталниот проблем од целосната апстиненција од алкохол сè уште може некако да се реши, но штетните физички ефекти што ги остава долгорочната консумација на алкохолни пијалаци врз неговите органите се тешки за лекување, велат докторите, а кои се големи оптимисти.

Меѓутоа, Бајага во својот стил ги демантираше сите овие приказни

-Јас сум одлично, супер се чувствувам, никогаш подобро. Веста за моето лекување од алкохолот не е точна. Тоа се подметнати лаги! Од мојата конкуренција. Немам јас проблем со моето здравје. Се чувствувам одлично, се подготвувам да заминам на море, на одмор. Ви благодарам за грижата, отсечно возвратил Бајага, не криејќи ја дури и лутината поради ваквите озборувања.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....